(Галерија) Три биса за „Црвена јабука“, жени врескаа по голиот тапанар

Во винаријата „Стоби“ вчера се случи вистински музички делириум. Публиката пееше и вреска на цел глас на концертот на еден од најпопуларните рок-бендови во поранешна Југославија, „Црвена јабука“. Малку заради музиката, малку заради голиот тапанар. Тој по првите неколку песни ја соблече блузата и свиреше гол до крајот на концертот.

Познатите сарајлии настапот го почнаа одлично, со „Бежи кишо с прозора“, па продолжија со хитовите „Некако с пролеча“, „Тамо где љубав почиње“, „Што ми радиш“… Жера и момците од безвременскиот бенд веднаш ги потсетија гостите на најубавото време во Југославија.

Публиката во Стоби одлично се забавуваше. Сите играат и ги пееја најпознатите рефрени на популарниот бенд. Ги поздравуваа со овации по секоја песна, снимаат, се присетија на времето кога „Црвена јабука“ беше меѓу најбараните групи од Вардар до Триглав. Уживаа во одличната музика, но и во доброто вино и вкусните деликатеси од винаријата.

Пред концертот, Жера трпеливо се сликаше со своите обожаватели. Насмеан, на сите им посака да уживаат во свирката, велејќи дека по скоро 35 години, „Црвена јабука“ постои само заради нив. Потоа, освен што пееше, среде концерт, засвире.

Бендот од Сараево и по скоро три часа не можеше да го заврши концертот. Публиката ги врати три пати на бис, а потоа Жера од обожавателите што сакаа да се сликаат со него не можеше да си отиде од сцената.

Предгрупа на концертот беа одличните „План Г“. Тие направија топ журка и беа супер загревање за гостите што дојдоа од цела Македонија да ги слушаат „Црвена јабука“.

План Г

Не е првпат во винаријата „Стоби“ да се организира забава од ваков тип. Речиси секогаш на нивните журки гостуваат познати музички ѕвезди.

Текст и фото: Редакција Репортер

 

Текстот (Галерија) Три биса за „Црвена јабука“, жени врескаа по голиот тапанар е превземен од Reporter.mk.