Хрватскта пејачка Северина вчера направи забава за паметење на фестивалот Струмица опен. Таа пееше пред неколку илјадната публика, а пред концертот беше во друштво на Александар Дадар, кој ја нашминка. Тој објави слики и видеа од поп-ѕвездата и откри дека Северина има „магично лице што секојпат го полни со позитивна енергија“. Пејачката, пак, во видето му испрати бакнежи.
Всушност за секој настап на Северина во Македонија, без оглед дали е тоа концерт во Скопје, Охрид или настап на пастрмалијада во Штип, Дадар и Ангела се задолжени да ја средат хрватската ѕвезда. Македонскиот мејкап артист со години се грижи за нејзината шминка и фризура кога таа е кај нас. Дадар првпат ја нашминка Северина во 2006 година – тогаш пејачката дојде во Скопје пред Евровизија за да ја промовира својата песна „Моја штикла“.
Текстот (Галерија) Дадар ја разубави Северина за во Струмица е превземен од Reporter.mk.