Глумецот Дејан Лилиќ е на зимување во Боровец, Бугарија. Таму е со сопругата Љубица и со нивните две ќерки. Познатиот актер се забавува со децата, а убавиот ден го користи за санкање со ќерките. Лилиќ постојано е нагоре-надоле со санката, по патеката која е наменета исклучиво за санки и изгледа дека навистина се забавува, ни раскажаа за „Репортер“ турсти кои се во познатиот ски-центар во Бугарија.
Дејан Лилиќ не сака да зборува за приватниот живот во јавноста и многу ретко објавува семејни слики на социјалните мрежи. Тој неколку години беше директор на МНТ. Потоа стана прв директор на Културно-уметчичкиот центар во Истанбул. Во кариерата одигра многу улоги, а една од последните улоги му е во серијата „Инсајдер“ и филмот „Дедо и внук“.
Текстот (Галерија) Дејан Лилиќ цел ден се санка со ќерките во Боровец е превземен од Reporter.mk.