Викторија Бекам ја доби поддршката од целото свое семејство на ревијата на која ја презентираше колекцијата пролет/лето 2020 во Лондон.
44-годишниот Дејвид заедно со Бруклин, Круз, Ромео и Харпер од првиот ред го следеа модното шоу на 45-годишната дизајнерка во рамките на Лондонската недела на модата.
Облечена во цветен фустан, 8-годишната Харпер привлекуваше големо внимание на ревијата, каде седеше во скутот на татко си, покрај модната уредничка на „Вог“ Ана Винтур. Таа позираше и со дел од моделите зад сцената.
Дејвид Бекам сподели фотографии на Instagram и ѝ честиташе на својата сопруга за успешната ревија.
„Многу љубов за мама ова попладне. Одлично направено, како и секогаш, ние се гордееме со тебе“ – напиша тој.
Текстот (Галерија) Дејвид Бекам со сите четири деца на ревијата на Викторија е превземен од Reporter.mk.