Пејачката Аделина Тахири на социјалните мрежи не престанува да споделува слики од летувањето на островот Маурициус на кое беше пред неполн месец. Во бикини, на плажа, во луксузно одморалиште – Аделина им откри на своите фанови на „Инстаграм“ како ужива, а на секоја слика има преку 10.000 лајкови. Едни ја пофалија егзотичната дестинација, но повеќето се воодушевија од изгледот на Аделина.
„Секси мама, не се познава дека се породи пред некој месец“, се дел од коментарите.
Познатата пејачка пред девет месеци го роди синот Јон. Таа неколку месеци претходно се венча со адвокатот Серјожа Марков, а дури откакпо станаа родители, направија свадба на која беа само најблиските пријатели и семејството.
Текстот (Галерија) Девет месеци по породувањето, Аделина Тахири секси во бикини е превземен од Reporter.mk.