Еден од најплатените холивудски глумци, Двејн Џонсон, по 12-годишна врска се ожени со својата долгогодишна девојка Лорин Хашијан. Популарниот глумец на „Инстаграм“ објави неколку слики од венчавката која се одржа на Хаваи.
„Го направивме тоа. 18 август 2019, Хаваи“, напиша Џонсон.
Џонсон и 13 години помладата Хашијан ја почнаа врската во 2007 година, брзо откако тој се разведе од продуцентката Дани Гарсија. Тие во меѓувреме добија две ќерки, 3-годишната Џасмин и 15-месечната Тајана. Тие првично планираа да се венчаат минатата пролет, но ја одложија свадбата откако Хашијан забремени вторпат. Џонсон има ќерка и од првиот брак.
„Не ни се брзаше да се венчаме. Јас и онака цело време ја сметав Лорин за моја сопруга“, кажа Џонсон тогаш.
Текстот (Галерија) Двејн Џонсон се ожени по 12 години врска е превземен од Reporter.mk.