(Галерија) Двојки што се заљубија во реално шоу

На српската естрада десетина двојки ја почнаа својата љубовна приказна во реално шоу. Повеќето од нив веќе не се заедно. Единствено фолк-пејачот Никола Роквиќ се ожени со манекенката Бојана Баровиќ, а ја запозна во реалното шоу „Преживеан“. Двојката ја има двегодишната ќерка Леона.

Анабела Атијас и Младен Радуловиќ

Пејачката и манекенот се запознаа 2010 година во реалното шоу „Големиот брат ВИП“. По шоуто беа во врска уште една година. Заедно ја снимија песната „150 степени“. Откога раскинаа Анабела се омажи, а Младен се пресели во Дубаи и работи како манекен.

Луна Џогани, Слободан Радановиќ и Кија Коцкар

Во првата сезона на реалното шоу „Задруга“ почна врската меѓу Луна, ќерката на Анабела Атијас, и Слоба, кој кога почна жоуто беше во брак со стјуардесата Кија Коцкар. На средина на шоуто, во куќата влезе и Кија, со што почна љубовен триаголник. Кија победи во шоуто, поднесе барање за развод, а Луна и Слоба раскинаа уште пред да заврши шоуто.

Даниел Алибабиќ и Јована Николиќ

Црногорскиот пејач, кој стана познат во музичкото шоу „Операција триумф“ во 2013 година влезе во реалното шоу „Фарма“. Таму ја запозна манекенката Јована. Се верија неколку месеци по крајот на шоуто, па направија гламурозна свадба со 400 гости и многу личности од јавниот живот. Три месеци потоа, Јована поднесе барање за развод. На новинарите им раскажа дека Даниел ја давел и ѝ се заканувал, а рече и дека е геј кој се крие дури и од себе.

Катарина Грујиќ и Борис Стаменковиќ

Пејачката и моделот почнаа врска во реалното шоу „Фарма“. Откако заврши шоуто, заедно беа уште една година. Во интервјуа велеа дека се сакаат и дека планираат свадба. Откако беа на летување во Египет, открија дека раскинале, но во јавност никогаш не ја открија причината.

Текстот (Галерија) Двојки што се заљубија во реално шоу е превземен од Reporter.mk.