(Галерија) Емилија Розман разголена во Монако: Оптимизам ко оргазам

Последната Мис на Македонија, Емилија Розман, е на луксузен одмор во Монте Карло. Таа се пофали дека ужива во популарниот „Јахт клуб“ на Монако и објави неколку слики на кои лежи во мермерна када полна со пена и шампањско во раката. „Оптимизмот е верба што води до достигнувања“, напиша Розман покрај фотографијата на „Инстаграм“. Обожавателите ѝ оставија коментари дека е секси, а еден од нив се пошегува: „Ова оптимизам ко оргазам го прочитав“.

Инаку, не е првпат манекенката да се одмора во Монте Карло. Таа и лани помина неколку дена во познатото модненско место. Емилија, и тогаш како и сега, објавуваше слики од прошетките во градот, забавите на коишто одеше, од пловењето со глисери и јахти на коишто беше со своите пријатели. „Знаеш како да живееш“, ѝ коментираа тогаш обожавателите.

Текстот (Галерија) Емилија Розман разголена во Монако: Оптимизам ко оргазам е превземен од Reporter.mk.