(Галерија) Емина и Мустафа на зимување со синовите

Пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен маж, Мустафа Сандал, се на зимување со синовите Јаман и Јавуз. Тие деновиве постојано објавуваат семејни фотографии и видеа, а се пофалија и дека Јаман имал натпревар во скијање каде што освоил прво место. На едно од видеата со Мустафа, Емина остави порака „Дали сме најдобри пријатели“. Турските медиуми пишуваат дека со овој коментар пејачката сакала да демантира дека се повторно заедно со поранешниот маж.

37-годишната Емина и 49-годишниот Мустафа беа во брак 10 години. Тие се разведоа минатата година. По разводот Емина беше во врска со турскиот милијардер Седатин Саран, но неодамна откри дека веќе не се заедно. Според медиумите, Емина и Мустафа ќе слават заедно Нова година со синовите во семејната куќа во Истанбул.

Емина и Мустафа повторно заедно

 

Текстот (Галерија) Емина и Мустафа на зимување со синовите е превземен од Reporter.mk.