Еден месец по свадбата, Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ заминаа на кусо летување во Црна Гора, каде што се заедно со Брена и со Боба. Папараците ги снимија сопружниците како уживаат на јахтата што неодамна ја изнајмија Брена и Боба и со која деновиве пловат по Јадранското море. Филип и Александра се сончаа на јахтата, почнаа страсно да се бакнуваат и се повлекоа внатре. „Изгледа ѝ е мало бикинито, ѝ излегоа цицките“, стои во еден од коментарите покрај папарацо фотографиите објавени во црногорските медиуми.
„Блиц“, повикувајќи се на извори блиски до двојката, пишува дека Филип и Александра сакаат што побрзо да станат родители, а дека и Брена и Боба неколкупати рекле дека едвај чекаат да добијат внуче.