Ракометарот Филип Талески и неговата сопруга Ена летуваа во Анталија, Турција. „Конечно вистински одмор“, напиша Филип покрај фотките што ги сподели со своите пријатели на „Инстаграм“. Тој објави слики на кои ужива на базенот во хотелот во кој биле сместени, а се пофали дека со Ена возеле и џет-ски.
Ена и Филип се венчаа во Крушево пред три месеци, а свадбата ќе ја прават догодина. Двојкката се запозна пред една година. Ена е Македонка која живее во Германија, а и Филип од лани живее во Манхајм, откога игра за германскиот ракометен прволигаш „Рајн Некар“. 22-годишниот Филип веќе неколку години игра и за македонската ракометна репрезентација. Пред да отиде во Германија, беше член на „Металург“.
Текстот (Галерија) Филип Талески на џет-ски во Турција е превземен од Reporter.mk.