Градската елита дојде на отворањето на новиот салон на модната дизајнерка Тања Кокев во центарот на Скопје. Од модни креаторки, доктори, бизнисменки, до манекенки, писатели, ТВ-водители и луѓе од јавниот живот, сите беа дел од забавата на познатата дизајнерка која пред 12 години го создаде својот моден бренд. Таа низ годините стана препознатлива по своите венчаници и елегантни фустани, а на отворањето пред гостите ја претстави најновата колекција, во која доминираат бисери и цветни детали.
Кокев е првата македонска креаторка што промовираше парфем со нејзиното име, а создаде и ремени и чевли, чанти и џемпери, кежуал и машка облека. Нејзини заштитни лица изминатите години беа Иванна Хаџиевска, Миа Костов, а нејзини крации често носи и специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи.
Текстот (Галерија) Градската елита на отворањето кај дизајнерката Кокев е превземен од Reporter.mk.