Светскиот модел Хајди Клум во Италија, на островот Капри, денес ќе го прослави својот брак со 17. години помладиот гитарист Том Каулиц од германската група „Токио Хотел“, пишуваат светските медиуми. Двајцата претходно се венчаа во тајност, во февруари годинава.
Хајди и Том биле видени на брод. Таа на себе имала бел фустан од чипка, а Том носел сина кошула и темнозелено сако. Нивни блиски пријатели велат дека изгледале среќно и весело. Пиеле многу шампањ и уживале во италијанските специјалитети.
Веселото друштво, по забавата на бродот, се преселиле во ресторанот Riccio, каде се дружеле на терасата. Во истиот ресторан е планирано да се одржи и венчавката. Има подготвено чадори за одбрана од силното сонце, храна, овошје, цвеќиња и слично, вели извор близок до двојката.
Претходно Том ја побара Хајди за своја жена со голем дијамантски прстен, опкружен со уште два помали.
„Том и подари веренички престен, каков што секоја жена може само да сонува, а потоа отиде во потрага по вистинскиот камен“, вели изворот.
Иако многумина сметаат дека разликата во години ќе биде пречка за нивната среќа, сепак двојката ги надминала и победила сите предрасуди, пишуваат светските медиуми.
За Хајди ова е трет брак. Таа пет години, од 1997 до 2002 година, беше омажена за австралискиот актер Рик Пипин. Три години по разводот, таа повторно се омажи за пејачот Сил. Во брак минаа девет години и имаат четири деца. Со поранешниот партнер, италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, ја има ќерката Хелена.
Текстот (Галерија) Хајди Клум денес се мажи за 17 години помлад гитарист е превземен од Reporter.mk.