(Галерија) Хајди Клум на меден месец топлес пред деверот

Германската манекенка Хајди Клум е на меден месец со 17 години помладиот сопруг Том Каулиц. Тие се во Италија заедно со четирите деца на Хајди, и Бил, братот близнак на Том. Па додека се опуштаа на плажа, папараците ја сликаа 46-годишната манекенка како се сонча топлес. „Се разголе пред деверот“, се коментарите во медиумите.

За потсетување, Клум и Каулиц се венчаа во тајност во февруари, а минатиот викенд направија втора свадба на луксузна јахта на островот Капри во Италија. Том е гитарист на бендот „Токио хотел“, а неговиот брат е пејач во бендот.

Текстот (Галерија) Хајди Клум на меден месец топлес пред деверот е превземен од Reporter.mk.