(Галерија) Хари и Меган сеуште имаат кралски живот

Поранешниот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл повеќе не се активни членови на кралското семејство, но двојката и нивниот син Арчи сеуште живеат кралски живот, пишуваат странските медиуми.

Откако ја напуштија Канада и се преселија во САД, поточно во родниот град на Меган, Лос Анџелес, холивудскиот тајкун Тајлер Пери го понудил своето гостопримство. Пери е добар пријател со американската водителка Опра Винфри, која исто така е добра пријателка со Хари и Меган.

Според фотографиите кои Тајлер ги објавил на својот „Инстаграм“, се гледа дека на Хари и Меган не им недостасува луксузот на кој имаат навикнто во кралската британска палата.

Куќата е изградена за Пери, во тоскански стил, има осум спални соби и 12 купатила, а се наоѓа на голем имот на прочуеното подрачје Беверли Риџ. Погледот од балконот е магичен, иако Хари и Меган имаат подигнато заштитна ограда за да се скријат од љубопитните погледи на папараците.

Особено импресивна е трпезаријата, која на фотографиите кои Пери ги има објавено, е украсена со божиќните украси. Таа претставува формално уредена просторија со кристални лустери и мермер на ѕидовите.

Не е познато дали Меган готви во неговата кујна со мермерни плочки и табла за пишување. Работната соба од каде Меган и Хари ги објавуваат своите состаноци преку видео, е обложена со дрво на ѕидовите, кожни столици и камин од мермер. Детската соба во која сега спие Арчи, претходно била уредена за синот на Пери, Аман.

Таа е нежно осветлена и преполна со играчки. Купатилото исто така е целото од мермер, со централно осветлување на подот. Луксуз каков ретко се гледа.

 

Текстот (Галерија) Хари и Меган сеуште имаат кралски живот е превземен од Reporter.mk.