(Галерија) Хелена Кристенсен рекламира долна облека на 50 години

Данската манекенска Хелена Кристиансен, која пред еден месец наполни 50 години, сними едиторијал за долна облека. Таа ја промовира колекцијата што самата ја дизајнирала заедно со својата пријателка Камила Стерк. Дел од сликите Хелена ги сподели на социјалните мрежи, па фановите ѝ оставија комплименти дека воопшто не личи на средовечна жена.

Хелена Кристенсен беше една од најпопуларните манекенки во 1990те години, заедно со Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Линда Евангелиста и Наоми Кемпбел. Таа и денес го привлекува вниманието со својата улога во спотот на Крис Ајзак за песната Wicked Game.

Текстот (Галерија) Хелена Кристенсен рекламира долна облека на 50 години е превземен од Reporter.mk.