(Галерија) И роденден и крштевка, внукот на Росана наполни 1 година

Внукот на фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска и глумецот Ѓорѓи Тодоровски, Ноа, наполни една година. Откако се роди тој, пејачката постојано со пријателите ја споделува својата среќа, па така и сега објави слики на „Фејсбук“ за да му го честита роденденот.

„Среќна крштевка и роденден злато бабино“, напиша Росана.

Таа откри дека направиле мала забава за роденденот и сподели слики и од роденденската торта на три ката и од тортата за крштевката. Ноа е син на ќерката на Росана, Ивана и на Англичанецот Џејмс Холт. Двојката се венча во 2017 година, а Ноа е нивното прво дете.

Росана неодамна имаше уште една причина за радост – нејзината сестра близначка Маријана Новачевска по две години дојде од Австралија, а двете сестри имаа емотивна средба со многу солзи и насмевки на скопскиот аеродром.

 

Текстот (Галерија) И роденден и крштевка, внукот на Росана наполни 1 година е превземен од Reporter.mk.