Јелена Тодоровиќ од Србија е прогласена за најубавата кошаркарка во светот, пишуваат српските медиуми. Претходно ова титула ја држеше Антонија Мишура, од Хрватска.
Јелена во 2016. година беше прогласена за Мис универзум во Австралија. Таа со години живее во Австралија, а од Србија со нејзиното семејство се иселиле во деведесетите години, кога имала само 7 години.
Љубовта кон кошарката ја добила во 2002 година, кога поранешна Југославија во Индијанаполис го освои златото на Светското првенство. Почнала да тренира и брзо потоа го облекла дресот на нејзиниот омилен клуб, Црвена Ѕвезда.
Во меѓувреме завршила факултет во Белград. На крај се вратила во Австрлија, каде станува модел. Во 2016 година била избрана за „Мис на Австралија“.
Многу брзо прошетала на голем број модни писти и се нашла на насловните страни на бројни модни списанија. Кошарката никогаш не ја оставила. Јелена и понатаму активно игра во клуб во Австралија.
Текстот (Галерија) Јелена Тодоровиќ прогласена за најубавата кошаркарка во светот е превземен од Reporter.mk.