Кајли Џенер, најмлата сестра во семејството Кардашијан-Џенер направи луксузна, уникатна забава за првиот роденден на својата ќерка Сторми. Таа самата креираше забавен парк, „Светот на Сторми“, кој беше инспириран од нејзината ќерка.
„Сонував за оваа забава, ја нацртав на хартија, соба по соба и Мајнди Вајс (организатор на забави) ја направи мојата визија реалност. Забавата беше магична“, напиша Кајли која на „Инстаграм“ објави неколку слики од роденденот.
На влезот бил поставен балон со ликот на Сторми, секоја соба била тематски различна, а тортата на три ката била со истата тема – забавен парк.
Текстот (Галерија) Кајли Џенер направи луксузен забавен парк за роденденот на ќерка си е превземен од Reporter.mk.