(Галерија) Каролина ја израдува внуката Луција

Поп-пејачката Каролина Гочева вчера дојде во скопската Зоолошка заедно со внуката Луција. Таму, 7-годишната Луција ги хранеше жирафите, но најмногу се израдува кога зоо-аниматорот Војо Иванов ѝ дозволи да држи змии во рацете и да си игра со нив. Воодушевена од него, Луција рекла дека кога ќе порасне и таа сака да работи со животни.

„Кога ќе пораснам сакам да сум Војо! Ти благодарам Војо Иванов за најдобриот ден до сега. Ќе ти дојдеме пак со идната колешка“, напиша Каролина покрај сликите што ги сподели на „Инстаграм“.

Пријателите ја пофалија храброста на Луција да држи змии во рацете. „Немој само во ранчето да ни донесеш змиичка во Битола“, се пошегуваа други.

Луција е постарата внука на Каролина од сестра ѝ Сандра. Таа ја има и внуката Инес. Неодамна поп-пејачката беше на летување на островот Родос, Грција, со двете внуки и сестра си, па и од таму споделуваше заеднички слики и видеа.

 

Текстот (Галерија) Каролина ја израдува внуката Луција е превземен од Reporter.mk.