На социјалните мрежи деновиве се појавија слики од медениот месец на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од 2011 година. На сликите направени на плажа и на јахта, војвотката и војводата од Кембриџ се во костими за капење – Кејт е во бело и во црно бикини, а Вилијам во шарени шорцеви. Ова е првпат во јавноста да се појават слики на кои принцот и неговата сопруга се во костими за капење.
Иако реакциите на јавноста се дека Кејт изгледа многу секси во бело бикини, има и такви што се лутат што некој објавил разголеми слики од некои од членовите на кралското семејство.
„Војводата и војвотката од Кембриџ на меден месец во 2011 година. Мислите ли дека е прифатливо фотографирање на кралското семејство во костими за капење и објавување во списанија?“, стои покрај една од фотографиите споделени на „Инстаграм“.
Неодамна папараците ги фотографираа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила на плажа во Африка и сликите беа објавени во сите светски медиуми. И тогаш реакциите беа поделени, но повеќето Британци не беа задоволни што некој го сликал идниот крал на земјата во шорцеви.
Текстот (Галерија) Кејт Мидлтон секси во бело бикини е превземен од Reporter.mk.