Ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, Кјара, наполни 21 година. Таа роденденот го прослави со забава дома, заедно со семејството и многу пријатели. На роденденската журка беше и Роза, мајката на Хелена, која од Скопје дојде на Нов Зеланд. На забавата на Кјара доминираа црната и златната боја – балони, украси, роденденската торта… Па и таа избра црн краток фустан и сандали со циркони. „Наполни 21 година“, се пофали Хелена на социјалните мрежи.
Инаку, Кјара е ќерка на Хелена од првиот брак со адвокатот Арбен Гоља. Таа е актерка, модел и дизајнер, а неодамна се појави и во последниот спот на пејачот Филип Пешевски. Веќе неколку години живее во Нов Зеланд заедно со мајка си, нејзиниот сопруг Игор и нивниот двегодишен син Тиан. Пријателите често ѝ коментираат дека многу наликува на нејзината тетка, пејачката Ребека.
Текстот (Галерија) Ќерката на Хелена Роза наполни 21 година, забава во црно и златно е превземен од Reporter.mk.