Со забава во спа и џакузи, ќерката на Коки Јанков од „Тајфата“, Лара, вчера славеше роденден во хотелот „Мериот“ во Скопје. Таа наполни 10 години. Забавата на Лара ја организираа Коки и неговата поранешна сопруга Росана, па Росана сподели неколку слики од журката на „Фејсбук“.
„Спа забава“, напиша таа.
Заедничка слика со Лара објави и Коки и се пофали дека неговата ќерка пораснала.
Лара е единствената ќерка на Коки со Росана Јанков. Двојката беше во брак десетина години.
„Мојата ќерка Лара е супер, а јас и понатаму продолжувам да ги сакам моите блиски и да ги штитам со својот живот“, рече неодамна Коки за „Репортер“.
Откако се разведе, музичарот, по четири месеци врска, неодамна тајно се ожени со својата поранешна девојка Маја. За „Репортер“ тогаш Коки откри дека со Маја биле заедно пред 11 години и дека повторно се сретнале по неговиот развод.
Фото: Инстаграм/Фејсбук
Текстот (Галерија) Ќерката на Коки славеше роденден во луксузен хотел е превземен од Reporter.mk.