Британскиот глумец Кристијан Бејл ослабе 35 килограми за новата улога. Тој во филмот Ford vs Ferrari ќе го глуми возачот Кен Милес, а неговиот колега Мет Дејмон вели дека бил импресиониран од неговиот нов изглед.
„Постојано повторувам дека ќе престанам да се дебелеам и дека ќе почнам да слабеам. Но, сега мислам дека и конечно почнав да го покажувам тоа и на дело“, изјавил Бејл.
Мет Дејмон вели дека се забавувал додека го гледал неговиот колега како држи диета.
„Има дисциплина на монах. Успеа да се трансформира од Дик Чејни во ликот на Кен. Мораше да изгуби 25 килограми“, изјавил Мет.
Бејл изјави дека за улогата на Чејни морал да се поправи многу килограми и дека сега процесот на слабење му претставувало многу тешко и болно искуство.
„Беше очајно, грозно. Ако сакате да изгубите килограми, мора да знаете дека треба да си легнете гладни. Дебелеењето пак претставува друга крајност. Целосно губите дисциплина и се прејадувате како лудак Морам да престанам со тоа, затоа што не е здраво за моето тело“, вели Бејл.
Текстот (Галерија) Кристијан Бејл ослабе 35 килограми за новата улога е превземен од Reporter.mk.