(Галерија) Куќа на океан: Ѕирнете во луксузниот стан на Новак и Јелена Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена живеат во Мајами во стан што има поглед кон океанот. Овој луксузен дом го чинел Ѓоковиќ девет милиони долари, пишуваат светските медиуми.

Ѓоковиќ овој луксузен дом го купил во 2017 година, затоа што му требало место каде требало да седи за време на турнирот во Мајами.

Неверојатното место се наоѓа во станбениот комплекс Eighty Seven Park, на крајбрежјето на Мајами Бич. Совршено е за семеен живот. Има три спални соби и три бањи, два базени, спа-центар, сауна, фитнес-центар и бар. Комплексот е проектиран од познатиот архитект Ренко Пјано.

Покрај тоа што има неверојатен поглед на океанот, во станот има базен и парк, каде го поминува најголем дел од времето со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.

„Бев воодушевен од услугата, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на брегот и океанот. Моето семејство тука и совршен живот. Воодушевен сум од дизајнот на оваа зграда“, изјавил Новак.

Текстот (Галерија) Куќа на океан: Ѕирнете во луксузниот стан на Новак и Јелена Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.