Магазинот „Пипл“ објави први слики од Лејди Гага со новото момче. На сликите 33-годишната пејачка се бакнува со 37-годишниот аудиоинженер Ден Хортон во ресторан во Калифорнија. Со ова, Гага ги негираше шпекулациите дека е во врска со глумецот Бредли Купер и дека таа е причината што Бредли раскина со руската манекенка Ирина Шајк.
За потсетување, во февруари оваа година Гага ја раскина свршувачката со вереникот Кристијано Карино, со кого беше во врска речиси две години, а светските медиуми пишуваа дека причината за ова е љубовната афера со Бредли Купер со кого глумеше заедно во филмот „Ѕвездата е родена“.
Текстот (Галерија) Лејди Гага се бакнува со новото момче е превземен од Reporter.mk.