Актерката и пејачка Зое Кравиц (30) се омажи со актерот Карл Глусман (31) во домот на нејзиниот татко Лени (55) во Париз, пишува порталот „Пипл“.
Луксузниот дом на Кравиц има осум спални соби и се протега на три ката, париската вила од 18 век се наоѓа во една од најлуксузните населби.
Лени живее во овој дом веќе 13 години и препознатливата архитектура на 18 век ја спои со модерни детали. Познатиот музичар го украси својот дом со дела од уметници како Енди Ворхол и Жан-Мајкл Баскијат.
На свадбата присуствуваа многу познати личности како Лора Дерн (52) и Никол Кидман (52). Од нејзините колешки од серијата најмногу внимание привлекуваше Рис Витерспун (43), која за свадбата избра црвена креација.
Невестата носеше венчален фустан од дизајнерот Даниел Френкел. Двојката тајно се венча пред еден месец, а се запознаа на една забава преку пријатели. Зое барала да запознае некого за несериозна врска, но веднаш почувствувала дека меѓу неа и Карл Глусман се случува нешто посебно .
Текстот (Галерија) Лени Кравиц дома ја омажи ќерка си, сите ѕвезди дојдоа на свадбата е превземен од Reporter.mk.