(Галерија) Леонардо Дикаприо со девојка си и мајка ѝ на одмор

Врската на Леонардо Дикаприо и Камила Морони станува сè посериозна и тој редовно се дружи со нејзините најблиски. 43-годишниот актер многу често е фотографиран со мајката на Камила, Лусила Сола, и нејзиниот партнер , актерот Ал Пачино.

Деновиве Леонардо и Камила престојуваат на француската ривиера, а на јахтата во Сен Тропе со нив се релаксираше и 42-годишната Лусила.

Славниот пар, кој е во врска од крајот на минатата година, често привлекува коментари поради разликата во возраста и фактот што мајката на Камила е една година помлада од Леонардо.

 

Текстот (Галерија) Леонардо Дикаприо со девојка си и мајка ѝ на одмор е превземен од Reporter.mk.