(Галерија) Лесна чипка и секси свила -Зухаир Мурад со фантастични креации

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад неодамна ја покажа својата нова колекција за 2020 година. Новите креации презентираат многу посовремен естетски израз на дизајнерот. Од него секогаш сме навикнати да гледаме раскошни фустани, со богати тантели, принтови. И овопат сето тоа го спои со она што е тренди.

Лесна тантела, совршени тенки свили со свежи принтови, креации со светкави материјали што даваат диско ефект посебно актуелни сезонава, па сè до парчиња што вклучуваат и кожа во комбинација со друга ткаенина се дел од она како Мурад ја замислува жената од утро до вечер.

Посебно женствени и нежни се креациите во светли бои со карнери, а не изостануваат и оние што го истакнуваат сексапилот на најпрефинет начин.

Зухаир не го заобиколува ниту трендот на женски одела со машки крој, па можат да се видат неколку варијации на темата, пред сè во поглед на комбинирањето материјали.

Текстот (Галерија) Лесна чипка и секси свила -Зухаир Мурад со фантастични креации е превземен од Reporter.mk.