Облечена како ориентална танчерка во арапски стил, модната блогерка Љупка Митова со ќерките се забавува на сафари во Дубаи. Таа се пофали дека со девојчињата отишле во пустина, возеле мотори, јавале камили, гледале шоу со ориентални танци, работи што вообичаено ги прават туристите кога ќе отидат во Дубаи.
Љупка, која преку социјалните мрежи секојдневно споделува се што прави во текот на денот, од љубовта со Спејко, преку патувањата на коишто оди и храната што ја порачува во ресторан, ретко објавува слики со ќерките, кои ги има од првиот брак. Следбениците на „Инстаграм“ не штедеа комплименти за девојчињата и ги нарекоа „убавици што личат на нивната мајка“.
Текстот (Галерија) Љупка ги одведе ќерките на сафари во Дубаи е превземен од Reporter.mk.