(Галерија) Лозано ја надмина тремата , ги спои генерациите со љубов и чашка пиво-полна сала за првиот концерт

Влатко Лозановски, вечерва прв пат одржува голем солистички концерт. Малку со трема, малку свој, како и да е, публиката го дочека како вистинска ѕведза. Со громогласен аплауз, во полната ВИП Арена „Борис Трајковски“,  Лозано ја запеа  “Километри”, песната која е  негов хит со над 5 милиони прегледи на Јутјуб. Присутните со кренати телефони и во еден глас ги пеат  стиховите, па Лозано ја остави публиката да пее наместо него. Уште на првата песна ја доби поддршката, па така неко и ја надмина тремата, која сепак по малку се чуствува во воздухот.

Ечи аплауз уште на првата песна и нема простор за поздрав, оти по “Километри” , следеше “Како тебе нема друга”. И тргна забвата. Лозано има концерт на кој се редат хитови, “Жена како ти”  за загревање, „Јако Јако“, „Ова лето ќе се памти“, „Мајко“,  стри, нови песни. Концертна забава за сите.

“Драго ми е  што конечно се случи ова овде во арената. Пушти ги твоите  чеда нека пејат, нека се растрчаат тука на бината, ми рекоа блиските пријатели.  Тие мислеа на моите песни. Одиме, со вас , поубав е денот”, рече Лозано.

Во публиката има многу деца, кои кренати во раце пеат со Влатко, возрасните наздравуваат со  чаша пиво , а вљубените си ги посветуваат песните. Најважно, сите се  забававуваат.

Влатко се пожали дека не е целосно опуштен на сцената, па публиката со телефони и светилки му направи ѕвездено небо за да го поддржи. По Влатко, настап имаа и „Некст тајм“, а во публиката поддршка беа Каролина и Весна Петрушевска. Лозано има одличен концерт. Организатори се „Авалон продукција“.

К. Ландов

Фото: Д. Перковски 

 

 

Текстот (Галерија) Лозано ја надмина тремата , ги спои генерациите со љубов и чашка пиво-полна сала за првиот концерт е превземен од Reporter.mk.