(Галерија) Магијата од музика, ласери, шоу – „Пинк Флојд“ како да беа во Скопје

Вечерва Скопје звучи светски. Музиката на „Пинк Флојд“ со шоуто од милион долари на трибјут бендот “Брит Флојд“, веројатно ноќва е полн погодок за оние кои навистина сакаат музички спектакл. Деветте члена на сцената, на свој начин, го претставија најдоброто на еден од највлијателните рок бендови во светот на сите времиња. За нив велат дека се бенд кој најверодостојно ја претставува музиката на „Пинк Флојд“.

Публиката, не ја наполни арената, ама оние кои беа не го криеја воодушевувањето, магијата на звукот, претопен со околу 100 светла, ласери и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа синхронизирано со специјална видео анимација, која направи  ВИП Арената да изгледа светски.

Концертот на „Брит Флојд“ е во рамки на турнејата Тhe Eclipse world tour. Организатори на концертот се „Авалон“ продукција.

А.Георгиев

Фото:Д.Перковски

Текстот (Галерија) Магијата од музика, ласери, шоу – „Пинк Флојд“ како да беа во Скопје е превземен од Reporter.mk.