Поп-пејачката Рита Ора неодамна објави слики од плажа со нејзината мајка Вера. Двете дами се во костими за капење, но фановите на Рита велат дека нејзината 55-годишна мајка е позгодна, оти има повеќе облини.
„Премногу си слаба, жената треба да има облини, како мајка ти“, стои во еден од коментарите на сликата.
И Вера Ора често споделува слики во костими за капење на својот инстаграм-профил. Таа годинава летуваше на Ада Бојана во Црна Гора, а од пријателите и следбениците постојано добиваше комплименти за изгледот.
Вера неодамна направила и кампања за линија на костими за капење наменета за жените кои поминале низ мастектомија -отстранување на дојките. Овие костими за капење се осмислени да им помогнат на жените и да им покажат дека можат да бидат убави и после таквата борба.
Текстот (Галерија) Мајката на Рита Ора позгодна од пејачката е превземен од Reporter.mk.