Вчеравечер во Бејрут, Либан, се одржа изборот за Мис на Европа 2020 година. Македонските претставнички Ангела Јакимовска и Лара Стешевиќ од модното студио Црнокрак, освоија титули на овој избор за убавина. Ангела беше избрана за Мис најубаво тело, а Лара е трета придружничка.
„Финалето на изборот се одржа без публика, поради мерките против коронавирусот што се преземаат и тука. Нашите две претставнички постигнаа убав успех со тоа што влегоа во Топ 10 убавици, но освоија и титули. Модното студио Црнокрак веќе неколку години ја поседува лиценцата за овој престижен избор за убавина“, рече Мики Црнокрак, кој е во Либан со македонските претставнички. Тој беше и член на жирито.
На натпреварот за Мис Европа победи убавицата од Франција. Титулата прва придружничка ја освои Мис Литванија, а втора придружничка е девојката од Украина. Сите европски убавици две недели престојуваа на самиот брег на Средоземното море во Бејрут.
Текстот (Галерија) Mакедонка има најубаво тело во Европа е превземен од Reporter.mk.