(Галерија) Македонска манекенка на насловната на светски моден магазин

Тања Јанушева, 16-годишна манекенка од Велес, е на насловната страница на познатото модно списание Pump Magazine. По многуте ангажмани што Тања ги имаше во Македонија и регионот, ова е нејзина прва насловна страница за некој светски магазин.

„Фотосесијата беше направена летово на островот Санторини во Грција, со модната фотографка Наташа Натова Панова. Тања веќе една година е дел од модната агенција ‘Моделс ИН’. Ова е голем и значаен успех и за нас како агенција, но посебно за Тања, зашто еден ваков моден едиторијал значи многу за нејзиното портфолио. Таа е на почетокот на кариерата, но очекуваме наскоро да го освои целиот моден свет“, вели нејзиниот агент Алек Наумовски.

Текстот (Галерија) Македонска манекенка на насловната на светски моден магазин е превземен од Reporter.mk.