Сликите на Јована Нешова, една од најуспешните македонски интернационални модели, се појавија во кинеското издание на модниот магазин „Вог“. Јована беше вклучена во едиторијалот The Shape Shift, како едно од заштитните лица во кампањата за брендот Finelycup.
„Кампањата е сликана минатиот септември, но е за целата оваа 2019 година. Низ годините Јована само го потврди својот статус на една од најбараните македонски модели во странство, а таа имаше среќа да ја бараат многу на азискиот моден пазар. Немав нималку сомнеж за неа“, рече Алек Наумовски, првиот човек на нејзината матична агенција „Моделс ин“.
Јована веќе има нови ангажмани во Азија и таа наскоро ќе замине на неколкумесчна работа во Сингапур и Кина.
Текстот (Галерија) Македонски модел се сликаше за „Вог“ е превземен од Reporter.mk.