Поранешната пејачка Маријана Новачевска, сестра-близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, се пофали дека е среќна свекрва. Таа неодамна објави неколку слики со Анастасија, сопругата на нејзиниот син Филип.
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2019/04/53528417_2138671656211021_6917460153545523200_n.jpg)
Со снаата Анастасија
„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана покрај едната слика. На другата се нејзината ќерка Магдалена и снаата Анастасија, а Маријана се пофали дека има две ќерки.
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2019/04/53596216_10156271019671733_6491871951559065600_n.jpg)
Ќерката Магдалена и снаата Анастасија
Сликите се направени на свадба во Мелбурн, Австралија, каде што Маријана живее долги години со семејството.
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2019/04/53347664_10156271018811733_3914108348017934336_n.jpg)
Анастасија и Филип
Маријана беше една од најпопуларните пејачки на почетокот на 1990те години, а се прослави со дуото Маријана и Росана во кое пееше со својата сестра. Таа пред триесетина години замина за Австралија со сопругот Тоде Новачевски, исто така музичар. Денес Маријана работи како стоматолог.
Фото: Фејсбук
Текстот (Галерија) Маријана ја покажа снаата, се пофали дека е среќна свекрва е превземен од Reporter.mk.