(Галерија) Мерил Стрип и на 70 години е најголемата филмска дива во Холивуд

Една од најголемите и најнаградувани глумици во историјата на Холивуд, Мерил Стрип, вчера наполни 70 години.

Првата улога ја имаше во филмот „Џулија“ во 1976 година и оттогаш собра рекордни 21 номинација за Оскар, почнувајќи со „Ловец на елени“ во 1979. Најпрестижната филмска награда ја освојуваше трипати. Во својата колекција има и осум златни глобуси и три награди Еми.

Сцена од „Ловец на елени“ со Роберт Де Ниро

 

„Некои велат дека сум најголемата актерка на светот, некои дека сум преценета, но етикетите не ми значат ништо. Она што ми значи е возбудата кога работам со интересни луѓе, само во такви моменти се чувствувам жива“, изјави неодамна Стрип.

1980 година, фотосерија за „Вог“ по првиот освоен Оскар

Глумицата која во моментов е актуелна со серијата „Големи мали лаги“, во кариерата изгубила само пет филмски улоги, вклучувајќи го „Кинг конг“, кога продуцентите ѝ рекле дека не е доволно убава. Таа глумеше во „Крамер против Крамер“, „Моја Африка“, „Ѓаволот носи Прада“, „Мама миа“, „Мостовите на областа Медисон“, „Изборот на Софија“.

Глумицата е добитник на осум Златни глобуси

Глумицата е во брак со Дон Гамер од 1978 година. Двојката ги има децата Хенри Вулф, Меми, Грејс и Луиза.

Сцена од мјузиклот „Мама миа“

„Ѓаволот носи Прада“

Мерил Стрип како Маргарет Тачер

 

Текстот (Галерија) Мерил Стрип и на 70 години е најголемата филмска дива во Холивуд е превземен од Reporter.mk.