Фолк пејачот Миле Кузмановски ги заспа скопјани на затворањето на фестивалот „Вино фест“ кој вечерва се одржува во Скопје. Неговата популарна “Не каниме“, која е главен хит по кафеани, не се погоди како добар избор вечерва, каде на отворениот паркинг пред Веро центар се собрани љубителите на виното и музиката. Кој зева, кој гледа во телефонот, додека популарнит фолк пејач се обидува со „Јовано , Јованке“ да ја разбие монитонијата. По настапот на Миле, треба да пеат „Куку леле“. Публиката коментира дека тие ќе направат штимунг, вечерва пред Веро центар.
Првиот ден на фестивалот настап имаа „Љубојна“ и „Фолтин“. Вториот ден Игор Џамбазов и Јаков Дренковски. На Вино фест настапија и Влатко Стефановски, Тони Китановски и Черкези оркестар. Фестивалот завршиува со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-пејачот Миле Кузмановски. Диџеј сетови во овие четири дена имаа Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци. “Вино фест“ почна на 12 септември, а завршува вечерва.
Текстот (Галерија) Миле Кузмановски ги заспа скопјани на „Вино фест“ е превземен од Reporter.mk.