Бранко Огњановски, познат како Миле Паника, веќе неколку дена е во Вашингтон, Америка. Оттаму сподели неколку слики и откри дека ужива во туристичките прошетки низ градот. „И Форест Гамп бил тука“, напиша тој покрај една од сликите во меморијалниот парк Линколн.
„Уште еден млад човек си отиде од државава“, „Трчај Номче, трчај“, му порачаа фановите.
Огњановски, кој некогаш беше во „К-15“, денеска е дел од екипата на хумористичната серија „Фчерашни новости“. Тој во последната епизода од „Фчерашни“ најави дека ќе оди во Америка и дека нема да биде уредник на вестите неколку недели.
Текстот (Галерија) Миле Паника замина за Америка е превземен од Reporter.mk.