Завчера хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес беше преполн со холивудски ѕвезди пордаи доделувањето на наградите „Златен глобус“. На црвениот тепих стотици славни личности чекореа во своите гламурозни модни изданија. Хали Бери шармираше во креација од Зухаир Мурад, Ирина Шајк избра фустан од Версаче, Шарлиз Терон ја изракна својата харизма во модно парче од Диор, Пенелопе Круз носеше фустан од Ралф и Русо, додека Лејди Гага привлече големо внимание со својот стајлинг, кој вклучуваше волуменозна креација од Валентино. Во склоп на стајлингот, таа ја обои и својата коса во сина нијанса.
Текстот (Галерија) Модата на црвениот тепих на „Златен глобус“ е превземен од Reporter.mk.