Холивудските ѕвезди вчеравечер се собраа во Лос Анџелес облечени во најновите модни брендови. Во сатенски фустани, со провокативни креации, тантела, гламур. Познати холивудски имиња прошетаа на црвениот килим на 70. доделување на телевизиските награди „Еми“.
Скарлет Јохансон, Хајди Клум, Кристен Бел , Клер Фој беа само дел од познатите кои вчера го свртеа вниманието. Некои од креациите во театарот „Мајкрософт“ дури имаа и политички став, коментираат модните критичари.
„Игра на тронови“ и „Прекрасната госпоѓица Мејзл“ се најголемите победници на вечерта: првата освои вкупно девет, а втората осум статуетки. „Игра на тронови“, која лани не беше во конкуренција, сега има колекција од 46 награди „Еми“.
Текстот (Галерија) Модата на наградите „Еми“ е превземен од Reporter.mk.