Уште пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл почна да се облекува според кралските правила. Таа сега носи шапки на скоро секој јавен настан, облекува фустани и сукњи над колена, избегнува голи раменици, не носи блузи или фустани со длабоко деколте. Облеката што ја носи Меган за кратко време се распродава во продавниците, а стилистите во светот ја нарекуваат модна икона.
Кога ја запрашале во едно интервју што мисли за новиот стил за облекување и за шапките што мора да ги носи, Меган откри дека ѝ се допаѓаат и дека жали што и порано не ги носела.
Погледнете некои од најубавите шапки со кои војвотката од Сасекс се појави во јавноста изминатава година.
Текстот (Галерија) Најубавите шапки на Меган Маркл е превземен од Reporter.mk.