Светскиот модел Наоми Кембел го прослави својот 50 роденден. Иако влезе во петтата деценија, голем број од нејзините фанови сметаат дека изгледа како да има 30 години. И покрај тоа што три децении е во модниот бизнис, сè уште привлекува внимание и пари. Ја нарекуваат „Црната пантера“, а за многу дизајнери беше муза.
Заедно со Синди Крафорд, Кејт Мос, Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон, Кембел остави белег на светската модна сцена засекогаш. 1990 е годината која се прослави.
Кебел беше и првиот модел со афроамериканско потекло кој се појавил на насловната на француското издание на „Вог“, откако Ив Сен Лоран се закани дека ќе ги повлече сите реклами од изданието доколку не ја стават на насловната.
„Во мојата кариера имаше многу предизвици кога е расизмот во прашање, но јас секогаш наоѓав начин да ги пребродам сите тие пречки. Никогаш не прифаќав не за одговор”, вели манекенката.
Кембел откри и дека Ана Винтур во 1989 година ѝ обезбедила место на насловната страна на „Вог“, како прва црна жена.
„Се сеќавам на таа фотографија. Ме фотографираа во сабота во Хемптонс. Ана ми даде огромна можност и навистина не знаев колку мораше да се бори, сѐ додека не го видов септемвриското издание”, се сеќава Наоми.
На Британските модни награди во 2018 година, Кембел беше прогласена за модна икона на деценијата, но всушност нејзиното влијание, актуелност и трага нема временска одредница.
Кога е стилот во прашање, со годините таа стана посмирена, но не и досадна. Кембел е вистински познавач на модата, а тоа совршено се гледа и од комбинациите во кои се појавува.
Препознатлива по широката насмевка и грациозноста. Низ годините го менуваше имиџот, па понекогаш на модните писти се појавуваше и со кратка и со долга коса. Понекогаш и беше црна, понекогаш шатирана, а во одредени периоди имаше и коса во црвенкасти нијанси.
Минатата година откри како ѝ изгледа природната коса, која е кадрава и кратка и за која вели дека со гордост ја носела. По некое време, се врати на препознатливата долга и исправена коса.
Текстот (Галерија) Наоми Кембел наполни 50: Предизвиците заради расизмот на славниот супермодел е превземен од Reporter.mk.