Имотот на поранешниот геремански тенисер Борис Бекер, во Мајорка, се продава со години, но никој не сака да го купи. Ова го тврди Џорџ Берес, Германец што живее на овој имот изминативе 18 месеци. Тој вели дека иако имотот чини само 10,5 милиони евра, не може да се најде купувач. Огромниот имот на поранешниот тенисер некогаш личел на замок, а сега е запуштен.
Берес моментно престојува таму и се грижи за коњите и козите оставени на имотот на Бекер, бидејќи поранешниот градинар ги отфрлил. Тој додава дека планира да остане на имотот уште десет години и да го нарече „Недојдија“, како што се викаше имотот на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон. Сигурен е дека ни за 10 години, имотот на Бекер нема да се продаде.
На сајтот на агенцијата за недвижности што го продава имотот сè уште се појавуваат фотографии на кои тој изгледа луксузно, а не руинирано. Бекер, пак, брза да го продаде, оти со години не може да се справи со финансиските проблеми заради кои пред две години прогласи банкрот.
Текстот (Галерија) Никој не сака да го купи имотот на Борис Бекер е превземен од Reporter.mk.