(Галерија) Нивес Целзиус разголена навива за Хрватска

Хрватската старлета Нивес Целзијус, неодамна направи провокативна фотосесија за германскиот магазин „Билд“, облечена во боди во боите на хрватското знаме. 37-годишната Нивес, поранешна жена на фудбалерот Дино Дрпиќ, за магазинот изјави дека е еден од најголемите фанови на хрватските фудбалери и дека го гледа секој меч на Хрватите на Мундијалот во Русија.

„Сите се во знакот на црвено-белите коцки, па не сакав ни јас да бидам исклучок. Ме фаќа фудбалската еуфорија, да бидам искрена“, рекла Нивес.

Таа додала дека им ги испратила своите разголени фотографии на некои од фудбалерите и дека од нив добила комплименти за идејата, ама не открила за кои фудбалери станува збор.

„Не можам да откривам имиња. Само ќе кажам дека беа воодушевени“, рекла таа.