(Галерија) Облечете се ова лето како Ирина Шајк

Шарена кратка маичка, краток шорц од тексас и патики во боја… вака би го опишале летниот стајлинг на светски познатиот супермодел.

Секојдневните стајлинзи на Ирина Шајк за шетање низ улиците на Њујорк со ќерката изгледаат подеднакво инспиративно како и сите нејзини стајлинзи за на црвениот тепих.

За прошетка, Ирина избрала удобна и опуштена, но во исто време и модерна облека: таа носела кратка шарена маичка со краток бел шорц и масивни патики.

Шарена маичка

Еден од најтоплите трендови е маичката со принт. Дали тоа ќе бидат шарени цртежи во вид на Дизни, хипи или нафрлени бои, од вас зависи.

Бел шорц од тексас

Ирина успешно ја споила маичката со принт со овој вид шорц, кој ефективно ги нагласува нејзините витки нозе. Краткиот шорц со бела боја ќе биде одлично решение за шетање низ град.

Шарени патики

Друго парче кое „мора да го имате“ како во лето, така и во другите временски сезони се масивните патики. Ние го сакаме моделот кој Ирина го одбрала – патиките имаат неонски детали кои совршено го надополнуваат стајлингот со шарената маичка.

Каде да купите слични парчиња – погледете во галеријата:

Текстот (Галерија) Облечете се ова лето како Ирина Шајк е превземен од Reporter.mk.