Фолк-пејачката Џесика Палашоска одмара во Тајланд. Таа постојно споделува фотографии од одморот таму, од плажите и хотелите каде што ужива, а се пофали и дека ѝ се исполнила една од најголемите желби во животот – да плива со слонови.
„На среќата ѝ нема крај, ми се оствари желбата да се бањам заедно со слончина. Кога сте во Пукет ова е дефинитвно моја препорака за must do. Искуството не можам да ви го oпишам, едноставно ме остави без зборови. Колку се само прекрасни и мили“, напиша пејачката.
Пејачката во моментов е актуелна со песната „Слободна“ која ја промовираше лани пред крајот на годината.
Фото: Инстаграм
Текстот (Галерија) Палашоска се бањаше со слонови е превземен од Reporter.mk.