(Галерија) „Пар година за нас“ со Жика Тодоровиќ, сеќавање на ЕКВ во Скопје

Некаде пред полноќ, вчеравечер започнаа сеќавањата за Милан Младеновиќ и култната ЕКВ. На сцената во МКЦ, во Скопје, се беше како низ временска машина. Веројатно, оние генерации за кои „Земља“, „Круг“, „Срце“, “Љубав”, “Пар година за нас“, „Поред мене“, „7 дана“ се неповторлива музика на едно време, и ноќеска како да живееја во времето на неповторливата музика на поранешна Југославија. Времето кога песните на  ЕКВ доминраа на топ листите и тој период се сметаше за најуспешниот период на култната група.

Во сеќавањата на ЕКВ и 60 години од раѓањето на Милан, салата во МКЦ беше полна. Концертот распордаден. Бината со вистински жар. Бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ, кој по повеќе од две децении настапи на бината Скопје, вчера беше вистински одмор од сите политички случувања во земјава. Легендарниот Жика, кој пред неколку месеци го изгуби синот,  е оригинален тапанар во ЕКВ, и со нив тој сними два албума „Љубав“ и „Само пар година за нас“.

Пред тоа има настапувано во „Дисциплина кичме“, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии.

„Деца из воде“ е ЕКВ проект бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ.

А.Георгиев

Фото: Д. Перковски 

 

Текстот (Галерија) „Пар година за нас“ со Жика Тодоровиќ, сеќавање на ЕКВ во Скопје е превземен од Reporter.mk.