(Галерија) Пријовиќ пуши во осмиот месец од бременоста

Без шминка, со коса врзана во опавче и облечена во широка кошула која ѝ го криеше трудничкиот стомак, фолк-пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ вчеравечер го привлекоа вниманието на гостите во една позната пицерија на Нов Белград. Тие беа на вечера со двајца пријатели, а откако завршија со јадењето, пејачката, запали цигара. Пријовиќ е во осмиот месец од бременоста и треба да се породи кон крајот на февруари. Многумина во ресторанот коментираа дека, освен килограмите, пејачката, дошла не средена и дека сега веќе воопшто не личи на себе.

Александра треба да се породи на приватна клиника во Белград, пишуваат српските медиуми. Таа и Филип пред неколку месеци открија дека ќе добијат момче и тогаш рекоа дека се уште размислуваат како ќе го крстат детето.

Текстот (Галерија) Пријовиќ пуши во осмиот месец од бременоста е превземен од Reporter.mk.